-->
-->
Прилепчанец рани сограѓанин со ловечка пушка
-->

Вчера во полициската станица Прилеп, Д.А. пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на м.в.„Леково“, додека со неговите браќа, со две запрежни возила, тргнале да собираат огревни дрва, го
забележале лицето К.Т. (56) од Прилеп, кој со себе носел ловна пушка и кој во еден момент од истата пукал кон Д.А., но не го погодил.
К.Т. и по втор пат пукал со пушката кон Д.А. и го погодил во пределот на десната надлактица, левата подлактица и левата нога, а потоа го напуштил местото на настанот.
Д.А., од страна на своите браќа, бил пренесен во ЈЗУ-Прилеп каде му биле констатирани телесни повреди. Полициски службеници од ПС Прилеп го привеле К.Т. и од истиот со потврда за привремено
одземени предмети одземени му се една ловна пушка од руско производство, еден ловен карабин „Црвена Застава“, една ловна пушка од бугарско производство и два патрони.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово