-->
-->
Прилеп достоинствено го одбележа 11 октомври
-->
По повод 11 октовмри и 75 -годишнината од почеокот на народното востание денеска во Прилеп, делегации од Собранието, од Владата предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од Сојузот на борците, од локалната самоуправа, претставници на партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на загинатите борци, херои и дејци од Народноослободителната борба и Револуцијата 1941-44 година.
Делегациите се поклонија пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, на идеологот на Револуцијата Кузман Јосифоски Питу, во центарот на градот, пред алејата на народните херои и Могилата на непобедените каде се моштите на загинатите 650 борци во Паркот на Револуцијата.
Според претседателот на Сојузот на борците од Прилеп, Круме Соколоски, градот со 11. Октомври ја продолжи револуционерната традиција на македонскиот народ до создавање на сопствена држава.
- Упатувам апел до новите генерации да се почитуваат овие храбри борци од нашето минато, зашто без минато нема сегашност, ниту иднина, изјави Соколоски.
Министерот Јолевски рече дека денеска му се оддава почит на Прилеп и неговата улога во народното востание.
- Денеска сме во Прилеп да им оддадеме почит на хероите, на овој херојски град кој пред 75 години го почна востанието во Република Македонија за слобода на македонскиот народ. Денеска во Прилеп има и техничко-тактички збор на АРМ за граѓаните на Прилеп да можат да ги видат и да се уверат дека АРМ целосно е посветена на заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на македонија, рече Јолевски.
Според градоначалникот Марјан Ристески, секој прилепчанец е горд на градот, на своите славни и храбри сограѓани и на сите борци и херои кои се саможртвувале за нашата слобода.
- Затоа, идеалот на новите генерации е да се градат и да се развиваат градот и Македонија и да бидат дел од евроинтеграциите, рече Ристески.
На булеварот „Гоце Делчев“, по повод празникот 11 октовмри беа изложени дел опрема и оружје со кои располага АРМ.
- На оваа изложба се претставени над 50 парчиња воена опрема и орудија. Се претставени артилериски средства, артилериски вооружувања, пешадиско вооружување, инженериски средства за АБХ заштита и се друго што е дел од АРМ и што ни овозможува да ги извршуваме нашата мисија и задача, изјави потполковник Јовица Цветковски, командант на прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“.
Во чест на празникот денеска, по деветти пат на булеварот се одржа и изложба на околу 200 автомобили и олд-тајмери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот