Приказна која го воодушеви светот: Од несреќно момче до пресреќно девојче
Кори Мејсон е родена во тело на момче, а без поддршка на родителите никогаш не би успеала да го надмине недоразбирањето од околината...
Кори денес има 14 години. Иако е родена како момче, цел живот се однесува како девојче. Токму поради тоа на училиште редовно ја малтретирале, па нејзината мајка била принудена да ја отпише.
Дека сака да биде девојче, Кори сфатила кога имала 11 години. На телевизија гледала емисија за трансродно девојче и тогаш и се доверила на мајка си дека се чувствува како неа.
Нејзините родители ја поддржале желбата на тогаш, својот син и побарале стручна помош, за да може Кори и физички да стане девојче.
Тогаш почнала да се облекува како девојче, и бидејќи се уште имала кратка коса, сите што ја познавале ја малтретирале. Мајката застанала на нејзина страна и и дала необичен ссовет.
-И реков секогаш кога некој од шега сака да ја фотографира, да си намести најубава насмевка и да позира. Тоа и ја подигна самодовербата, рече нејзината мајка ерика.
Помош од стручњаци добила во детската болница во Чикаго, а лекарите и рекле со хормонска терапија да почне по нејзиниот 14 роденден, што воедно е доволно рано за девојчето да го избегне машкиот пубертет.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек