Пријавен вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север за злоупотреба на службена положба
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2000 денари од лице за да му издаде документ за привремен престој, иако претходно лицето редовно си ги платило сите потребни издатоци за да му биде издаден документот.
По добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и И.Ф. на 30.11.2023 е лишен од слобода, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка и отстаранување од работното место до нејзиното завршување, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица