Приходите натфрлени, со ребалансот повеќе пари за капитални проекти
Остварувањето на Буџетот за 2015 година во првите шест месеци се подобри од очекувањата. Прибраните приходи се повисоки од планираните и тие со предложениот ребаланс на буџетот ќе се преточат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.
Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денска образложувајќи го Предложениот ребаланс на Буџетот за 2015 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија.
Потенцира дека реализацијата на Буџетот на расходната страна се одвиваше согласно предивиденото. Буџетскиот дефицит во првите шест месеци достигна 9,521 милијарда денари што е 1,7 проценти, и е точно половина од предвидениот на 3,5 проценти. Вкупните приходи се за 2,583 милијарди денари повисоки во однос на 2014 година, додека расходите достигнаа ниво од 87,652 милијарди денари што е 5 проценти повеќе во однос на 2014 година и е во рамки на проектираното.
- Вкупните даночни приходи во првите шест месеци од годинава се реализираа во износ од 78,131 милијарда денари што е за 14 проценти повеќе во однос на претходната година. Значително повисоки приходи во однос на 2014 година за шест проценти повисоки во однос на планираните со буџетот за 2015 година, рече Ставрески и појасни дека кај даночните приходи има намалување на ДДВ, но оти тоа е компензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и акцизите.
Кај данокот на добивка приходите се за 4,964 милијарди денари повисоки, додека кај акцизата има повисоки приходи за 704 милиони денари, приходите од ДДВ се пониски за 911 милиони денари.
На приходната страна, како што посочи министерот, социјалните придонеси се повисоки од планираното за 8,2 процента при што кај пензикото осигурување се реализирани 15,912 милијарди денари, додека здравственото со 6,510 милијарди денари.
За расходната страна Ставрески рече дека во првите шест месеци достигнаа до 87,652 милијарди денари што е 5 проценти повеќе во однос на 2014 година и е во рамки на проектираното. Редовно се исплаќаа сите буџетски корисници во делот на платите, стоки и услуги, и трансфери во чии рамки се реализираа и предвидените мерки за зголемување на социјалната помош, редовна исплата на пензиите, субвенциите и слично.
- На расходната страна нема кратење кај ниту еден буџетски корисник, затоа што и немавме причина бидејќи Буџетот претходно беше поставен на таква основа секаде каде што можеше да се заштеди да се скрати и тоа беше направено во текот на проектирањето на буџетот за 2015 година и во претходните години. А од друга страна сакавме да ги заштитиме социјалите категории и да овозможиме да има доволно средства за капитални инвестиции и таа политика и таа ориентација останува и во рамки на ребалансот на Буџетот за 2015 година, истакна министерот Ставрески.
Тој додаде дека кај капиталните расходи е предвидено за 1,115 милијарди денари повеќе средства при што со овие средства ќе се интензивираат активности за неколку проекти што се од приоритетно значење.
Најголем износ ќе биде издвоен за проектот за гасификација на делницата Клечовце - Штип кој изнесува 370 милиони денари. Дополнителни средства од 377 милиони денари се обезбедени за проширување на сметките за проекти за водоводи и канализации во сите општини во Република Македонија. Дополнителни 222 милиони денари има за Министерството за образование и наука за финансирање на реонструкција и реновирање на училишта. Предвидени се и дополнителни 60 милиони денари за финансирање на реконтрукцијата на Студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Министерот Ставрески потенцира дека досега редовно се исплаќаа плати, стоки и услуги, пензии и субвенции и се реализираа сите мерки за зголемување на социјалната помош. Со ребалансот, како што рече, предвидени се средствата за редовна исплата на зголемената социјална помош за 10 проценти, дополнителни средства за исплата на помош за сите ранливи категории, за зголемување на пензиите за пет проценти од октомври, како и за стипендиите.
Ставрески истакна дека со ребалансот се очекува да се задржи буџетскиот дефицит и да се одржи нивото на јавниот и државниот долг.
Како што посочи, буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти. Во првите шест месеци е реализиран со 1,7 отсто и како што рече во овој дел сме онаму каде што треба и оти во тие рамки остварен е во целост планираното ниво на буџетскиот дефицит.
За државниот и јавниот долг истакна дека во насока на натамошно управување со долгот во февруари 2015 година предвреме и целосно е исплатен долгот кон ММФ со што државниот и јавниот долг се намалија за 1,7 проценти поенти. Со тоа, додаде Ставрески, практично Република Македонија остана во зоната на ниско до умерена задолженост со ниво на јавен долг од 43,6 проценти од БДП и ниво на државен долг од 36 проценти од БДП.
Врз основа на проекциите во ребалансот, според министерот, се очекува Буџетот да ја одигра својата улога да обезбеди развојна компонента и да ги заштити сите социјални категории.
Со ребалансот проекцијата за растот на БДП изнесува 3,5 проценти и е за 0,5 отсто пониска од првично проектираната, а поради сложените услови во кои фунцконираше македонската економија.
Според министерот за финансии, се уште ќе има солиден раст од 3,5 проценти со претпоставка дека до крајот на годината и домашниот политички ризик и оној надворешниот од еврозоната со последните случување постепено ќе се стабилизираат.
Расправата по предложениот ребаланс во Комисијата за финансирање и буџет треба да заврши за 10 работни денови.
Ново на Сител
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка