При реализација на превентивната активност „Безбедно лето 2022“ во Прилеп, пронајдена дрога, регистрирано точење на алкохол на малолетници
На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција, Сообраќајна полиција, во содејство со Полициската станица од општа надлежност во Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.
Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави, посебно кај младата популација.
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарите во Јасен и Јегуновце најсериозни, очекуваме стабилизирање
-
Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул
-
Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење
-
Кај шофер во службено возило на здравствен дом Берово пронајдена дрога
-
Влада: Од денеска до 15 септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
-
Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда
-
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар
-
Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата