Живот
4. January 2019 - 15:22

Преживеа пекол на море, а по 8 години нов шок: „Срцето ми застана. Ми се вратија сеќавањата за ужасот што го преживеав!“

Осум ипол години откога тогаш 16-годишната Аби Сандерленд е спасена од јахта во здивениот Индиски Океан, нејзината жолта јахта „Вајлд ајс“ е пронајдена како плута свретена наопаку во близина на островот Кагару кај јужна Австралија.

Аби Санделенд се обиде во 2010 година да стане најмладиот соло едриличар кој го обиколил светот, но поради невреме тоа не и успеа. Кога после 8 години на вести виде дека нејзината јахта е пронајдена, повторно доживеа шок.

„Срцето ми застана. Ми се вратија сеќавањата, и тие убавите но и ужасот кој го преживеав. Беше неверојатно повторно да се види мојата јахта после толку време. Изгледаше помалку застрашувачки, но тоа и можеше да се очекува после толку години“, рече Аби.

Јахтата била обложена со школки, натписот на неа бил изгребан и избледен, а јарболот поради невремето се откинал. Јахтата во морето ја забележал пилот на авион за набљудување на туни. Австралијанскиот полициски хеликоптер и два рибарски бродови се испратени на местото за да се истражи за што се работи. Јахтата не е видена, откако Сандерленд ја спаси француски брод на 12 јуни 2010 година, на патот меѓу Мадагаскар и Западна Австралија.

По несреќата Аби на Фејсбук напиша дека неколку часа откако е спасена „не можела да го преболи фактот што никогаш повеќе нема да ја види својата јахта“

Месец дена подоцна, по враќањето дома во Калифорнија, изјави дека бродот веројатно никогаш нема да биде пронајден. Аби сега има 25 години, а семејството и ја купи таа јахта година дена пред да тргне во авантура.

Непосредно пред тоа, нејзиниот брат Зак стана прво лице помладо од 18 години кое самостојно го обиколи светот, па и таа посака да го направи истото. Многумина ги критикуваа нејзините родители што и ја дозволиле ризичната авантура, но Аби рече дека нејзините години немаат никаква врска со бурата што се случи дека тоа би можело да им се случи на сите морнари.