Презентирана предлог организациска структура за Одделот и Регионалните центри за гранични работи
Идејата за отворени и безбедни граници за сите е еден од столбовите на кои се потпира Европската Унија. Јакнењето на националните капацитети во делот на интегрираното гранично управување е од исклучителна важност за нашата земја на нејзиниот пат кон исполнување на ЕУ и Шенген стандардите, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Предлогот за организациска структура, човечки ресурси и управување со човечки ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и Регионалните центри за гранични работи, подготвен во рамки на твининг проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“ – ИПА 2016.
Како што информираа од МВР, станува збор за проект што веќе се реализира во рамки на реформските зафати во Министерството и треба да биде завршен до средината на оваа година.
Спасовски потсетил дека уште при отпочнувањето на овој проект било јасно дека МВР и останатите институции задолжени за спроведување на законот ќе преземат серија на сложени прилагодувања чија крајна цел е успешно прифаќање на ЕУ стандардите во сите области поврзани со граничното управување.
– Подобрување на политиките за човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи беше една од главните активности предвидени во рамките на овој проект. Како резултат на неколкумесечното работење од страна на ангажираните експерти од Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, во рамки на твининг проектот, а во соработка со колегите од Одделот за гранични работи и миграции изработен е Предлог за организациската структура, човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и регионалните центри за гранични работи, нагласил министерот Спасовски, се наведува во соопштението од МВР.
Инаку, проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“ – ИПА 2016, за чија реализација како твининг партнер беше избран конзорциум Словачка-Словенија, стартуваше на почетокот на февруари 2019 година со рок за реализација од 24 месеци, а за таа намена беа издвоени околу еден милион евра средства од ИПА фондовите на ЕУ.
Проектот е поделен на две компоненти, од кои првата е подготовка на Патоказ за прифаќање на европското законодавство во делот за Шенген, со надградба на законодавството во делот на Интегрираното гранично управување и развој на Акциски план за Шенген и втората, јакнење на административните и техничките капацитети во делот на Интегрираното гранично управување.
Ново на Сител
-
Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога, запленети над половина тон во две полициски акции на југот
-
Во ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти
-
На Граничниот премин „Табановце“ бил приведен државјанин на Франција за непријавен престој во државата
-
Поставена заштитна ограда на детското игралиште во Усје
-
Во Бугарија пред изборите формиран меѓусекторски штаб за борба против купување на гласови
-
Милевски: Министерството за локална самоуправа преку проектите се грижи за животната средина
-
Лекарска комора: КОВИД-19 може да предизвика сериозни крварења во гастроинтестиналниот систем
-
Филипче: И нудиме на опозицијата целосна контрола врз процесот за изградба на Клинички, опструкциите да престанат