Презентиран проектот „Подобрување на пристапот до социјалните права во Куманово“
Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ од Куманово, денеска во рамки на проектот „Подобрување на пристапот до социјалните права во Куманово“ организираше презентација на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Во проектот, кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка-ГИЗ, опфатени биле 90 лица или по триесет од ранливите категории Роми, жени Ромки и млади Роми.
„ДРОМ“ информира дека целта на овој проект е подобрување на пристапот до социјалните и здравствените услуги преку едукација за социјалните права.
- Истражувањето и обуките на кои присуствуваа овие лица покажа одреден степен на недоволна информираност по однос на правата кои ги нудат законите од сферата на социјалните права. Се покажа одреден дискриминаторски однос од институциите во укажувањето на правата кај ромската заедица во Куманово. Треба да се работи и со другите граѓани бидејќи имаат недоволни познавања за правата, изјави Ашмет Јашаровски од „ДРОМ“.
Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски изјави дека како и во сите држави, постои одредено отстапување во однос на остварувањето на законските одредби. Тој нагласи дека сите институции мора заеднички да работат во насока на развивање на свеста и додаде оти сите треба да добијат еднакви можности.
Миновски информира дека до Комисијата се поднесени 300 претставки. Важно е, нагласи тој, сите кои чувствуваат дискриминација да знаат дека има каде да побараат заштита.
На презентацијата пред кумановци говореше и Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), која наведе повеќе законски можности пред ромската заеднциа. Таа се осврна на проектите за вклучување на 650 деца Роми во 17 градинки, стипендирање на 650 ученици Роми во средни училишта, како и вработување на Роми.
Приустните се интересираа зошто мора да ги пријават приходите од нивните роднини од странство и како да не го загубат правото на социјална парична помош. Притоа добија одговор дека мора да се воведе ред за помошта да пристигне само до оние лица на кои вистински им е потребна.
Граѓаните се интересираа и за визната либерализација.
Ново на Сител
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините