Македонија
30. October 2018 - 8:39

Презентација на првата сеопфатна анализа за еднаквите права и можностите на самохраните мајки

Тркалезна маса на тема „Еднакви права и можности за самохраните мајки“, на која ќе биде презентирана прва сеопфатна анализа на овие прашања изработена во  Македонија заедно со правни препораки и Policy brief ќе се одржи денеска во Скопје, во организцијата на Граѓанската организација „Една може!“.

На настанот е најавено обраќање на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателката на „Една може!“, Дороти Пачкова, правни експерти, професори, примарни чинители од надлежните институции, како и родители од самата социјална група.

Јавниот настан има за цел да ги претстави моменталните состојби кај нас за оваа социјална група, како и да ги направи овие состојби институционално видливи и дестигматизирани преку јавна и отворена диксусија за нив со примарни чинители на локално, национално и и интернационално ниво.

Во рамки на настанот учесниците ќе потпишат Јавна заложба за подобрување на состојбата на институционално ниво.

Експертската анализа на „Една може!“ е плод на истражувачката работа спороведена во периодот август – октомври 2018 година, во рамки на истоимениот проект. Во неа се разработуваат структурните проблеми на самохраноста, состојба на статистиките и евиденцијата, родовата димензија на проблемот како и правна анализа со заклучоци и препораки.