Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“
Канцелариите на Креативна Европа за пот-програмите Култура и МЕДИА во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ денеска во МКЦ (горно фоаје Фросина), организираат неколку отворени презентации.
Станува збор за: „10 најчести прашања и одговори“ - поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање, можностите за учество на тренинзи и работилници, „European film challenge 2020” – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонска партнерска организација „Блинк 42/21“, „Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“ и „Примери на добра пракса од потпрограма Култура: CON-FRONT: heritage, where the past meets future и Тhe Chorus Project“.
Настанот е отворен за јавност и покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и претставници од секторот-култура ги покануваме и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите потенцијални можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата Креативна Европа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот