Македонија
8. November 2019 - 8:48

Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“

Канцелариите на Креативна Европа за пот-програмите Култура и МЕДИА во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ денеска во МКЦ  (горно фоаје Фросина),  организираат неколку отворени презентации.

Станува збор за: „10 најчести прашања и одговори“ -  поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање, можностите за учество на тренинзи и работилници, „European film challenge 2020” – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонска  партнерска организација „Блинк 42/21“, „Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“ и „Примери на добра пракса од потпрограма Култура: CON-FRONT: heritage, where the past meets future и Тhe Chorus Project“.

Настанот е отворен за јавност и покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и претставници од секторот-култура ги покануваме и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите потенцијални можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата Креативна Европа.