Бизнис
26. January 2022 - 16:34

Превозниците бараат решение за скапата нафта - во спротивно ќе престанат да возат

Голем дел од камионите стојат. Од околу 1600 микро и мали фирми кои се регистрирани како превозници ги паркираа возилата затоа што немаат есап да возат по овие цени на горивата. Тие пак што возат, работат со минимална заработувачка или се во минус. Вртат колку за да не застанат, пари за инвестиции во вонзиот парк нема.

Растечките цени на нафтата мора да бидат сигнал за влада да преземе мерки. Или да ја намали акцизата или барем да им овозможи на превозниците исто како во другите земји да вршат поврат на дел од неа. Во моментов поврат на пари по овој основ вршат само корисниците на гасно масло, а со тоа што останатите не можат да вршат поврат во својата земја, не можат ниту во странство.

Заради повластиците со поврат на средства, превозниците од другите земји имаат многу помали трошоци, иако теоретски нафтата кај нас е поевтина. Од Министерствто за финансии денеска не одговорија дали планираат олеснувања за транспортерите.