Македонија
9. January 2017 - 16:33

Превојот Плетвар е прооден - сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови

И покрај максималната и предвремена подготвеност на мобилните екипи на ЈП “Македонија пат” – Секција Прилеп, сепак,  екстремно ниските температури, од кои земјава беше зафатена во изминативе 24 часа, предизвикаа очекувани проблеми при одвивањето на сообракајот на паланинскиот превој Плетвар.
 
Денеска, сообракајот е нормализиран, но, истиот се одвива отежнато, во исклучително зимски услови.  
 
Со оглед на фактот дека и за наредните денови прогнозите на метереолозите укажуваат на исти временски услови, од ЈП “Македонија пат”- Секција Прилеп, повторно апалеираат на внимателно возење, придржување до сообракајните правила, почитување на сообраќајните знаци, но, и најважно од се – прилагодување на возењето на моментните услови на патот, а притоа акцент се става на задолжителната употреба на зимски гуми од страна на шлеперите, кои и најчесто се причината за застоите на патиштата.