Македонија
17. May 2021 - 16:39

Превирања и во ДОМ

Пратеникот Мирослав Богдановски најави дека ќе продолжи да функционира како дел од владејачкото мнозинство во Парламентот но не знае дали и натаму ќе ја претставува партијата ДОМ. По вчерашните случувања во партијата, Богдановски кој беше еден од пратениците кои гласаа во скафандер, обвини дека во ДОМ владее диктатура. Најави тужба бидејќи тврди дека бил прекршен статутот на партијата а за нивна не доверба гласале луѓе кои не биле ниту членви на ДОМ.

Ана Петровска која исто така е разрешена од потпретседателското место во ДОМ смета дека по овие настани можно е да биде разрешена од позицијата директор на Државниот инспекторат за животна средина иако тврди дека  успешно ја извршува функцијата. Нивната иницијатива за свикување вонреден конгрес била за да се воведе копретседателство кое ќе биде ротирачко за да има секој шанса да  учествува во раководењето со партијата.

Претседателката на ДОМ тврди дека тие не се исклучени од партијата напротив се уште се членови на Централниот одбор.

Морачанин додаде дека партијата продолжува со подготовски за локалните избори и покрај овие случувања.