Превентивни мерки и следење на водотеците на територијата на општина Новаци
Општина Новаци ја следи состојбата со водостојот на река Црна и се чисти каналскиот систем на територијата на таа локална самоуправа.
Градоначалникот Лазар Котевски денеска информираше дека заради обилните дождови одлучиле да направат неколку интервенции на каналската мрежа, а поставени се и дежурни екипи.
- Цел викенд имавме врнежи од дожд заради што постојано ја следиме состојбата на терен, го следиме водостојот на река Црна, на каналите, спроведуваме нивно чистење таму каде што има потреба. Досега интервениравме со чистење на 10-тиот канал во должина од 12 км, 9-тиот канал со должина од 7 км и секундарниот канал кој минува низ селата Горно и Долно Агларци, Добромири, Новаци, Рибарци и Гнеотино а кој во летните месеци се користи за наводнување. Се преземаат сите превентивни мерки со цел елиминирање и на најмало излевање и повторување на минатогодишните поплави кои ни се случија а имаа невидени последици, истакна Котевски.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа на територијата на Пелагонија наврнале околу 21 литар дождна метар квадратен, соопштија од општина Новаци.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата