Претставници од Македонија на Глобалниот самит за претприемништво во САД
На Глобалниот самит за претприемништво 2016 (ГЕС) во Калифорнија ќе учествуваат и двајца претставници од Македонија, кои ќе им се придружат на повеќе од 700 претприемачи од целиот свет, како и на инвеститори, говорници, и лидери во светот на претприемништвото, информира Амбасадата на САД во Македонија.
Македонски претставници на самитот што ќе се одржи од 22 до 24 јуни 2016 во Пало Алто, Калифорнија се Благица Петрески и Зоран Настески.
На самитот, како што е најавено ќе им се придружат високи функционери од Владата на САД, вклучувајќи го претседателот Барак Обама, министерот за трговија Пени Притцкер, директорот на Администрацијата за мали бизниси Мариа Контрерас-Свит, директорот на УСАИД Гејл Смит, специјалниот амбасадор за глобални женски прашања Кетрин Расел, како и државниот потсекретар за јавна дипломатија и односи со јавност Ричард Стенгел.
Ова е седми по ред Самит во серијата самити што претходно беа организирани од страна на Соединетите држави и владите на Турција, Обединетите арапски емирати, Малезија, Мароко и Кенија.
Ново на Сител
-
По убиството, Палчо запалил цигара и отворил телефон
-
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година
-
АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
-
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани
-
Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба
-
„Требаше да наполни 25 години, кoj ќе ми го врати мојот син“, потресно обраќање на татко чиј син загина во „Пулс“
-
Со мирен марш струшките средношколци им оддадоа почит на жртвите во Кочани