Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Доналд Трамп врз основа на 25-от амандман
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се бара разрешување на Доналд Трамп, а е темелена на 25-от амандман од американскиот Устав.
Резолуцијата го повикува потпретседателот Мајк Пенс да поведе постапка предвидена со 25-от амандман на американскиот Устав, за претседателот Доналд Трамп да биде ослободен од должностите, пренесуваат агенциите.
Резолуцијата е усвоена со 223 гласа „за“ и 205 „против“.
Отстранувањето на претседателот, според 25-от амандман, подразбира дека потпретседателот и мнозинството членови на кабинетот на претседателот изјавуваат дека претседателот не е способен да ја извршува својата уставна должност.
Потпретседателот Мајк Пенс сега има рок од 24 часа да каже дали е подготвен да постапи според усвоената резолуција.
Меѓутоа, пред гласањето, тој и соопшти на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, дека се спротивставува на активирање на 25-от амандман.
„Не верувам дека ваквиот потег е во најдобар интерес на нашата нација, ниту дека е во согласност со нашиот Устав“, напиша Пенс во писмото што неговиот кабинет го испрати до Пелоси.
Потпретседателот на САД смета дека енергијата на сегашната администрација е насочена кон обезбедување на уреден трансфер на власта и тој апелираше до неа и до другите членови на Конгресот да избегнуваат потези што „дополнително ќе ги поделат граѓаните и ќе ги разгорат страстите“.
Резолуцијата на Претставничкиот дом, меѓудругото, соддржи член во кој Трамп се обвинува за поттикнување бунт и зборува за неговата потенцијална одговорност за упадот на дел од приврзаниците во комплексот Капитол Хил за време на конгресната потврда за резултатите од гласањето на Изборниот колеџ на претседателските избори што ги доби Џозеф Бајден.
Во резолуцијата се истакнува дека Трамп на протестен митинг им се обрати на неговите приврзаници, непосредно пред дел од нив да се упатат кон Капитол Хил. Начинот на кој тој им се обрати на присутните ги охрабри и, како што се очекуваше, доведе до незаконски активности, се додава во резолуцијата.
Доколку Претстваничкиот дом го отповика Доналд Трамп, тој ќе стане единствениот американски претседател кому ова му се случило двапати во текот на неговиот мандат.
По ова во Сенатот треба да се одржи сослушување и да се донесе одлука дали Трамп ќе биде сменет од функцијата, и покрај фактот дека седницата веројатно ќе трае подолго од седумте дена, колку што преостанаа до истекот на неговиот мандат.
Меѓутоа, одлуката на Сенатот ќе го спречи Трамп да продолжи со својата работа во јавната сфера, со што ќе се стави крај на неговите можни амбиции да биде претседателски кандидат на изборите во 2024 година, наведува „Гласот на Америка“.
Ново на Сител
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година
-
Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор од тимот за транзиција
-
Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина
-
Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна
-
Тајмс: Американски ракети со долг дострел најверојатно ќе се користат во борбите во Курск
-
Студено со појава на магла наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија