Претставничкиот дом на Холандија: Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите со ЕУ
По извештајот на Европската комисија во кој беа позитивно оценети реформите во правосудството, добивме позитивен извештај и од Делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија која ја посети Македонија во февруари годинава, соопшти Министерството за правда.
Од последната посета во мај 2019 година, известувачот констатирал дека Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите за пристап во ЕУ.
-Во извештајот е нотирано дека Македонија има постигнато голем напредок во прилагодувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека, околу 34 отсто од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Исто така, во извештајот се констатира дека во Република Македонија е забележана суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите од страна на власта, информираат од Министерството за правда.
Според известувачот, усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство е импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, но и дека законот не содржи скриена амнестија која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.
Овој позитивен извештај, како што е наведено од Министерството за правда, се очекува да биде основа на дискусијата во Холандскиот парламент за проширувањето на ЕУ на Балканот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес