Претставено словенечкото издание на „Балкански мегаетникум“ на Димитар Мирчев
Во рамки на посетата на словенечкиот претседател Борут Пахор на Република Македонија, денеска во Кабинетот на македонскиот Претседател беше претставено словенечкото издание на книгата „Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи“ на професорот Димитар Мирчев.
Книгата е објавена од Универзитетот во Љубљана и е прво македонско дело со општествено-научен карактер објавено во Словенија. Претходно, книгата беше објавена и на англиски јазик во Торонто, Канада и на српски јазик во Белград, Србија.
Во книгата се говори за надворешната политика на балканските земји преку осврт кон националните доктрини на соседите кон Македонија во последните две-три децении и нивното инструментализирање во реалните политики на државите на Балканот.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.