-->
-->
Претставата „Љубовникот“ пред кичевската публика
-->
Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, Албанскиот театар од Скопје синоќа пред кичевската публика ја изведе театарската претстава „Љубовникот" од Харолд Пинтер, во режија на Бесфорт Идризи.
Во претставата, напишана во 1962 година се претставува контрастот меѓу буржоаските семејни односи. Пинтер ја води публиката да верува дека постојат три ликови од драмата: жена, маж и љубовник. Но, се открива дека љубовникот, кој доаѓа во попладневниве часови е всушност самиот сопруг, кој глуми улога на љубовник. Претставата се занимава со желбата за бегство од реалноста и неможноста тоа да се направи на друг начин, освен преку преправање и играње други ликови. Љубовникот е камерна претстава фокусирана на играта на актерите и состојбата на ликовите кои ги толкуваат.
Во рамки на летното претставување, Албанскиот театар од Скопје претходно ја изведе претставата „Љубовникот“ во Скопје и во Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања