Претставата „Чекачот“ од Трајче Кацаров во ДПМ
Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде прикажана претставата „Чекачот“ од Трајче Кацаров.
Станува збор за пиеса работена според романот „Јад“ на Кацаров, а во интерпретација на Трајче Јованов. За романот „Јад“ ке зборува писателот Христо Петрески, а програмата ќе ја води Александра Велинова.
Трајче Кацаров (1959) е поет, раскажувач, романсиер, есеист и драмски автор. Работи како директор на Народниот театар во Штип. Уредник е на списанието „СУМ“. Член на ДПМ е од 1991 година. Автор е на дваесетина книги, меѓу кои „Во подмишките на будилникот“, “Го следите ли Хорхе“, „Емигрантот Цвик“ (поезија), „Да не беше дождот“, „Ноќта во која светилката не треба да згасне“ (драми), „Календар за годините што поминале“, „Единство на лицата“ (театарски есеи), „Татко и отец“ и „Јад“ (романи). Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои: „Рациново признание“, „Григор Прличев“ за поема, „Јован Котески“ и „Прозни мајстори“.
Ново на Сител
-
Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот
-
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади
-
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија
-
Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
-
Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“
-
Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутен прекин на огнот
-
Сончево и топло до 38 степени