Претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи во посета на Турција
Претседавачот со ОБСЕ и шеф на македонската дипломатија Бујар Османи денеска ќе ја посети Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
За време на посетата Османи ќе има работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните. Посетата на претседавачот со ОБСЕ, Османи, е во насока на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена, соопшти МНР.
Ново на Сител
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното
-
Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете
-
Во Илинден пронајдени човечки коски во шахта
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик