Претседателот Пендаровски во официјална посета на Хрватска
Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Хрватска.
Шефот на државата претпладне во Загреб ќе биде пречекан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ со државни и воени почести, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата шефови на држави, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Најавена е и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Милановиќ.
Пендаровски денеска ќе има средби и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ.
Утре, на вториот ден од посетата, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатералната деловна средба – со фокус на инвестиции, што се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.
За време на официјалната посета на Хрватска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.
Посетата на Пендаровски на Загреб беше договорена на неговата средба со Милановиќ, во рамки на самитот на Процесот Брдо-Бриони, во Брдо кај Крањ, во мај годинава.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница