-->
-->
Претседателот на Венецуела брише три нули на банкнотите
-->
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро најави дека од 4 јуни во оптек ќе бидат пуштени нови банкноти, кои ќе имаат три нули помалку од сегашните.
- Одлучив да укинам три нули, да ги исфрлам од оптек актулените банкноти и монети и во промет да ставам нови од 4 јуни, изјави Мадуро.
Банкнотата 500 боливари од јуни ќе биде најголемата банкнота.
Вредноста на таа банкнота, според официјалниот курс, ќе биде 11,3 долари, а по црниот курс 2,1 долар.
Целата на таа мерка е борба против хиперинфлацијата.
Тоа значи дека боливарот за изминатите десет години ќе изгуби вкупно шест нули, бидејќи во 2008 година, во време на поранешниот претседател Уго Чавез, владата веќе укина три нули, воведувајќи и нова валута- „боливaр фуерте“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски