-->
-->
Претседателот на Уганда си овозможи право на нов мандат
-->
Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени попиша закон со кој го укина уставното ограничување дека претседателските кандидати не смеат да бидат постари од 75 години.
Со тоа, Мусевени, кој има 73 години, си отвори пат да се кандидира за нов мандат на изборите во 2021 година.
Мусевени, поранешен герилец кој учествуваше во уривањето на претседателот Иди Амин во 70-те години на минатиот век, е претседател на Уганда од 1986 година.
Уставот на Уганда досега бараше претседателските кандидати да бидат над 35 годишна возраст и помлади од 75 години, но со новата измена, Мусевени теоретски би можел да остане на власт до 2031 година.
Мусевени се смета за сојузник на САД во регионот и е еден од африканските лидери со најдолг стаж на власт
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови