Македонија
12. September 2017 - 8:26

Претседателот на словенечкиот Државен збор Брглез во Македонија

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез денеска ќе има обраќање во Собранието на Република Македонија во рамки на неговата официјална посета на земјата.  

Брглез со високи државни и воени почести ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието од страна на претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафери. По пречекот Џафери и Брглез ќе имаат средба.   

Во Собранието претседателот на словенечкиот Државен збор ќе има и заедничка средба со претседателите на комисиите за надворешна политика и за европски прашања, Антонијо Милошоски и Артан Груби.

За време на посетата, Брглез ќе се сретне и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.