Свет
30. July 2020 - 11:17

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Претседателот на Гамбија, Адам Бероу замина во самоизолација, откако неговиот потпретседател потврди дека е позитивен на новиот коронавирус.

Потпретседателот на Гамбија, Исату Турај во соопштение наведе дека не се чуствува добро и дека заминува во карантин.

Владата на Гамбија ги советува граѓаните да носат заштитни маски и да одржуваат растојание, за да го спречат ширењето на вирусот.

Во Гамбија досега се потврдени 326 случаи на Ковид-19, а починати се осум лица.