Балкан
30. January 2018 - 13:21

Претседателот на Европскиот парламент во посета на Белград

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани утре ќе престојува во официјална посета на Србија, каде ќе се сретне со највисоките владини претставници и претставници на граѓанското општество организирани во Националниот конвент на Европската унија.

Тајани ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на српското Собрание, Маја Гојковиќ.

Претседателот на Европарламентот пристигнува во Белград неколку дена пред објавувањето на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан, која се очекува на 6 февруари.

- Ние работиме на отворањето на патиштата за Србија да стане една од следните членки на Европската унија, изјави Тајани во октомври за време на посетата на Брнабиќ на Брисел.