Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка по напуштањето на натпреварот против Галатасарај
Претседателот на Адана Демирспор, Бедирхан Дурак на својата страница на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата.
Фудбалерите на Адана Демирспор вчера во 31. минута го напуштија теренот на натпреварот од 23. коло на турското првенство против Галатасарај. Гостите не беа задоволни од досуден пенал за Галатасарај во 13. минута.
-Отсекогаш ги игнорирав деструктивните и досадни пораки на социјалните мрежи за доброто на мојот клуб. Ме растажува кога гледам дека дојдовме до точка каде што нема излез. Сакам да ве информирам дека ја напуштам функцијата пред се заради клубот, семејството, блиските и моето здравје, се вели во пораката на Дурак.
Тој ја извршуваше функцијата претседател на турскиот клуб од октомври 2024 година.
Адана Демирспор е на последното, 19. место во првенствениот поредок со пет бода.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп