Претседателот Мицкоски на средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, членот на ИК Драган Ковачки и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Балканот, Сер Стјуарт Пич.
На средбата беше разговарано за актуелната политичка ситуација во земјава, а од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата од предвремени избори кои ќе значат разрешување на кризата во која оваа власт ја втурна државата, беше потенцирано дека поддршката на народот е свртена кон ВМРО-ДПМНЕ, што се виде и по резултатот на локалните избори. Предвремените избори ќе ја отсликаат волјата на народот во парламентот и ќе бидат мотор за промените и закрепнување на државата.
Беше разговарано и за преговорите со Бугарија кои ги води владата, при што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека власта треба да ја почитува Резолуцијата донесена во собранието, а која значи зачувување на македонските идентитетски обележја и клучните национални интереси.
На взаемно расположение беа констатирани добрите односи кои ги имаат двете држави, а од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше кажано дека нашата земја во Велика Британија гледа силен поддржувач, и ќе работи и во иднина, односите меѓу двете држави да зајакнуваат, а по доаѓањето на власт, да дојде и до поголема соработка во сите клучни области.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер