Претседателот Иванов се сретна со епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија
Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Вила Билјана во Охрид го прими епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија, кој престојува во посета на Република Македонија.
На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за односите меѓу Македонската православна црква-Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и за севкупните состојби во православието.
Претседателот Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу Македонската православа црква-Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и воопшто на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ, кои ги поврзува богата заедничка историја.
Во тој контекст, македонскиот претседател ја потенцирал мисионерската и учителска улога на многубројните просветители кои доаѓаат од овие простори во културниот развој на сите словенски народи.
На средбата епископ Тихон пренел поздрави од патријархот на Руската Православна Црква, Кирил I до претседателот Иванов и истакнал дека Охрид и Македонија имаат значајна улога во ширењето на православието.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски