Претседателот Иванов почнува консултации со политичките партии
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе има поединечни средби со лидерите политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба.
Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов.
Кабинетот на Иванов соопшти дека првата средба во 12:00 часот е со претседателот на „Беса“ Билал Касами, во 13:00 часот со претставници на „Алијанса за Албанците“, во 14:30 часот со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.
Консултациите на претседателот на Република Македонија со парламентарните политички партии, следуваат по средбата на претседателот Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски и по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.
На средбата која Иванов ја одржа во понеделникот со шефот на делегацијата на Европската унија во Република Македонија Самуел Жбогар, станало збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за ставот на ЕУ по ова прашање.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза