Претседателот Иванов на меѓународна конференција во Рим
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре престојува во работна посета на Италијанската Република каде што ќе учествува на 7. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското друштво за меѓународни организации - Иницијатива за глобален дијалог во мултиполарен свет што се одржува во Рим.
Како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, на состанокот кој ќе се одржи во Италијанскиот сенат, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Одговор на радикализацијата и екстремизмот преку меѓурелигиски дијалог“.
За време на работната посета на Италија, предвидено е претседателот Иванов да има повеќе средби со учесници на конференцијата.
Учеството на македонскиот претседател на овие состаноци е резултат на неговата посветеност во остварувањето на целите на Алијансата на цивилизациите на ОН, како и на одличната соработка со Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за глобален дијалог во мултиполарен свет. Претходно, претседателот Иванов има учествувано на состаноците во Баку, Софија и во Рим, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?