-->
-->
Претседателот Иванов именува нов директор на Агенцијата за разузнавање
-->

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска по завршувањето на мандатот на Наќе Чулев на функцијата директор на Агенцијата за разузнавање, донесе одлука со која го именуваше д-р Зоран Иванов за нов директор на Агенцијата за разузнавање, информираат од Кабинетот на претседателот Иванов.
-Д-р Зоран Иванов досега ја извршуваше функцијата началник на военото разузнавање во рамки на службата за воена безбедност и разузнавање. Тој е професионален кадар на Министерството за одбрана и активен воен персонал со борбено искуство во извршување на операции во земјата и меѓународните одбранбени мисии во странство. По завршување на воената академија во Скопје е поставен на должност во батаљонот за специјални операции и е учесник во конфликтот во 2001 година. Одликуван е со медал бронзена ѕвезда за храброст од департментот за одбрана на САД за извршување на должност командир на воениот контингент и вршење на специјални операции и поддршка во Ирак во 2006 година. Има завршено и магистрирано на колеџот за команда и генералштаб во Форт Левернворт, САД, а докторирано на Институтот за националната историја на Република Македонија. Од 2009 година е началник на военото разузнавање. Покрај борбеното искуство, специјалист е за специјални операции и психолошко војување, информираат од кабинетот на претседателот.
Досегашниот директор, Наќе Чулев продолжува да биде дел од професионалниот состав на Агенцијата за разузнавање и во соработка со новоименуваниот директор ќе ги продолжат отпочнатите процеси за трансформација на Агенцијата за разузнавање, чија мисија е собирање на податоци за информирање во одбрана на државата, заштита на националната безбедност и остварување на интересите во странство на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор