Претседателката на Јужна Кореја ја повлече номинацијата за премиерот Ким Бјонг-јун
Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе денеска изјави дека ќе се откаже од номинацијата на Ким Бјонг-јун за премиер на земјата доколку Парламентот препорача нов кандидат.
-Доколку Народното собрание препорача нов премиер, ќе го именувам и ќе му дозволам да го контролира кабинетот, рече Парк во текот на состанокот со претседателот на Парламентот, Чунг Се-кун.
Парк за нов премиер минатата недела го именува Ким Бјонг-јун, поранешен министер од времето на некогашниот либерален претседател, но опозициските пратеници порачаа дека ќе гласаат против него, бидејќи не биле на соодветен начин консултирани за ова прашање, наведуваат француските медиуми.
Претставници на јужнокорејското Државно обвинителство вчера упаднаа во канцелариите на „Самсунг електроникс“ во рамки на истрагата за политичкиот скандал поврзан со претседателката и нејзината пријателка, осомничена за злоупотреба на влијание во државните бизниси.
Десетици илјади Јужнокорејци минатиот викенд на протести побараа оставка од претседателката Парк заради овој корупциски скандал.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес