-->
-->
Претрес во тетовско, пронајдени 13.000 фалсификувани евра
-->
Денеска (12.03.2021) во периодот од 10.30 до 11.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории на Б.Џ. (44) во тетовска Долна Лешница.
При претресот биле пронајдени и одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани, обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи.
Б.Џ. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 268 од Кривичниот законик( „фалсификување пари“).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР