Македонија
18. May 2024 - 14:29

Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер

На 17.05.2024 во 12.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(46) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.. 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.