Македонија
20. October 2023 - 11:52

Претрес во село Ласкарци, пронајдено оружје и муниција | ФОТО

По преземени мерки и активности, денеска (20.10.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршија претрес на дом и други простории кај С.З. во село Ласкарци, скопско, информира МВР.

При претресот, во близина на помошен објект кој го користи, пронајдени се еден конвертиран пиштол, две празни рамки за автоматска пушка и 16 куршуми. Исто така, при претрес во неговиот дом, пронајдени се и три пиштоли и ловна пушка. С.З е приведен и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во полициското соопштение.