Македонија
28. September 2022 - 12:03

Претрес во Куманово, пронајдена марихуана, приведен дилер

На 27.09.2022 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.