-->
-->
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-->
На бул. „Македонија“ во Делчево, ноќеска во 00:10 часот при контрола на патничко возило „голф“, управувано од Ф.К.(20) од село Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис.
Како што соопшти МВР, сопатникот К.В. (22) од село Драмче, делчевско, самиот на полициските службеници им предал паковка со зелена растителна материја, по што е приведен.
-Во 09:30 часот, по добиена судска наредба за претрес на дом и помошни простории на Ф.К., извршен е претрес во објекти на две локации во село Звегор, при што е пронајдена кафеава материја и дробилка. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна