Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно и студено со врнежи од дожд. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во понеделник ќе биде променливо облачно и студено, а наместа повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година