Македонија
8. February 2017 - 13:53

Пресврт во случајот: Полицијата го расчисти убиството во продавница во крушевско

Полицијата го расчисти случајот со убиството во продавница во крушевско. Полицијата денеска информира дека 33-годишната М.П. од селото пред неколку дена во нејзината колонијална продавница, по кратка расправија со пушката на свекорот, го застрелала 44-годишниот Н.Д. од истото село.

За жал, застреланиот маж починал на лице место, а продавачката била приведена. Од преземени мерки било утврдено дека причина за убиството е тоа што, сега починатиот, и се додворувал и барал да стапи во љубовна врска со него.  Од почетокот на 2017 година постојано и се јавувал на телефон,  секојдневно доаѓал во продавницата за да и се додворува, а почнал физички и психички да ја малтретира. Истиот и упатувал и сериозни закани дека ако таа не стапи во љубовна врска со него тој ќе го убие нејзиниот син. Исто така ја уценувал дека ќе каже на нејзиниот сопруг дека била со него во интимна врска, иако тоа не било вистина.