-->
-->
Пресврт во приказната за тоа како починало семејството најдено во фаза на распаѓање
-->
Првите резултати од обдукцијата на телата на несреќните сопружници кои заедно со синот беа пронајдени мртви во семејната куќа во Србија, веќе во фаза на распаѓање, направија пресврт во приказната.
Обдукцијата покажа дека мајката и таткото, 80-годишниот Душан и 84-годишната Милица починале од глад, заедно со нивниот син Драган, иако се сметаше дека тој ги убил поради семејните недоразбирања.
Семејството било во тешка состојба па затоа често се карале за пари. Соседите велат дека не излегувале често од дома и дека се изживувале врз синот кој одреден период работел, но потоа добил инвалидска пензија.
Телата беа најдени во приземјето и на спратот, но на нив нема траги од насилство, што не укажува на насилна смрт.
Инаку, според најновите податоци, и синот Драган бил многу агресивен па едвај го смирувале со лекови. Поради тоа првичната проценка за случајот беше дека тој ги убил мајка си и татко си, па се самоубил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии
-
Во сообраќајна несреќа во Тетово животот го загуби 61-годишен пешак
-
АХВ изрече мерка за дезинфекција во мензата во Воената академија - Утврдени причините за труењето
-
Владата одржа седница, донесени повеќе одлуки
-
Левица: Кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители