Пресврт во истрагата за починатиот рокер: Жената откри дека се борел со зависности
Сопругата на американскиот музичар Крис Корнел, кој во средата навечер почина во хотелска соба во Детроит, денеска го оспори извештајот на судските патолози според кој тој извршил самоубиство со бесење, наведувајќи ја можноста нејзиниот сопруг да се предозирал со лекови против анксиозност.
Судските патолози соопштија дека пејачот на бендовите Саундгарден и Аудиослејв извршил самоубиство со бесење, но семејството на Корнел наведува дека без токсиколошки наоди не може да се знае точната причина за смртта. Вики Корнел рече дека со сопругот разговарала по телефон после покцертот и кога се вратил во хотелската соба, наведувајќи дека тој и рекол дека можеби ќе земе две таблети Ативан, кој му бил препишан против анксиозност. Ативан е седатив кој во прекумерна доза може да предизвика вртоглавица, конфузија и поспаност.
-Без резултатите од токсиколошките наоди не можеме да знаеме што точно му се случило на Крис, додава Вики Корнел, која верува дека Корнел и покрај проблемисте со зависноста не би се убил зошто им бил посветен на сопругата и децата. Корнел (52) пред два дена е пронајден во несвесна состојба во хотелска соба, а локалната полицијата отвори истрага за можно самоубиство, зошто музичарот имал врвка на вратот. Корнел беше пејач во бендот Саундгарден од Сиетл, колевката на гранџ движењето настанато во 90-тите години.
Саундгарден е еден од членовите на “големата гранџ четворка“ заедно со бендовите - Нирвана, Перл Џе и Алис ин чејнс. Бендот беше активен од 1984 до 1997 година, а потоа во 2010 година ја обнови работата. Корнел имаше Фондација „Крис и Вики Коренел“ која ја основаше со сопругата со цел поддршка на злоставувани и сиромашни деца.
Ново на Сител
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ