Престрелка меѓу полицијата и шверцери во северно Косово, уапсен Србин
Косовската полиција соопшти дека утрово имала вооружен судир со неколку лица во областа на Зубин Поток, во северно Косово, во близина на косовско-српската граница, кои се обидувале да прошверцуваат овци од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на полицијата се наведува дека, „при извршување на работните задачи и полициските активности, полициски службеници од Единицата за брзи интервенции на Граничната полиција, денеска околу 06:15 часот во селото Бубе кај Зубин Поток забележале сомнителни движења на неколку возила“.
-Полицијата во обид да ги запре и контролира сомнителните возила наиде на вооружен отпор од осомничени лица. Соочени со таква ситуација, за да се заштитат и да ја стават ситуацијата под контрола, полициските службеници одговорија на вооружениот напад и успеаја да уапсат еден од осомничените: Д.И. (роден 1981 година, косовски Србин од Зубин Поток). При размената на оган полициските службеници и уапсените не се повредени, се вели во полициското соопштение.
При контрола на камионот пронајдени се натоварени 40 овци, без пропратна документација, за кои постои сомневање дека се прошверцувани од Србија во Република Косово. На истото место се пронајдени две напуштени возила за кои постои сомневање дека го придружувале камионот.
-На местото на настанот излегоа соодветни полициски единици, а за случајот е известен надлежен обвинител. Против осомничениот е подигнато обвинение за две кривични дела-„напад врз службено лице“ и „шверцување стока“. Камионот со овците е испратен на царинскиот терминал, одземени се двата автомобила кои се најдоа на местото на настанот, а по решение на обвинителот, на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба