Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
Неколку престижни американски универзитети формираат координaтивно тело за борба со политиките на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави синоќа „Волстрит журнал“.
Во неофицијалната група досега стапиле околу десет универзитети, меѓу кои и престижните високообразовни институции од Лигата на бршленот. Поголем дел од нив се наоѓаат во сојузни држави каде на власт се демократите. Според изворите, групата ќе координира стратегија и ќе одлучува до кој степен е подготвена да прави отстапки кон федералната власт.
Универзитетите планираат да ја бранат академската независност, особено откако Белата куќа започна да се меша во нивната работа, а поврзано со приемот на студенти, вработување кадар и организација на наставата.
Харвард минатата недела поднесе тужба против администрацијата на Трамп, со барање да се поништи замрзнувањето на федералното финансирање во висина од 2,2 милијарди долари, обвинувајќи ја Белата куќа за одмазда поради „заштита на уставните права“.
Универзитетите не ја сакаат судбината на некои американски адвокатски фирми, кои Трамп ги издвои дека работеле во судските процеси против него и направија спогодби за повинување, коментира изданието.
-Универзитетите сакаат да се осигураат дека другите образовни институции нема да склучуваат договори кои би создале загрижувачки преседан што би вршел притисок и врз останатите – велат лица запознати со иницијативата.
Администрацијата на Трамп се плаши од тоа универзитетите да не се здружат во отпорот против неа, бидејќи е многу потешко да се преговара со обединет фронт. Белата куќа не одговорила на барањето за коментар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна