Пресс 24: Преговорите продолжуваат – СДСМ бара излез по пропаѓањето на протестите
Претставници на четирите политички партии денеска ќе седнат на заедничка маса под медијаторство на амбасадорите на САД и ЕУ. Според извори на Пресс 24, средбата се очекува да започне пред пладне. Извори од преговарачкиот процес велат дека вчера главно се зборувало за прочистувањето на избирачкиот список, а кусо била продискутирана и темата околу медиумите.
Според изворите на Пресс 24, СДСМ вчера тврделе дека најголем број спорни гласачи има во 6та изборна единица. Ваквиот настап наишол на реакција од албанските партии кои посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ таму освоило само два пратеника. Според извори во албанските партии со овие тези на СДСМ се покажува дека немало кражба на гласови од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека целта е провокација на Албанците.
На прашањето како течат преговорите, од ВМРО-ДПМНЕ за Пресс 24 изјавиле:
-Се преговара за излез од кризата, колку и да се противи СДСМ и да измислува милион причини и пречки за нејзиното пролонгирање. На крај во процесот најважно е СДСМ да биде изведен на чистина дека мора да се соочи граѓаните на избори и дека простор за бегање веќе нема. Веќе нема ниту простор за манипулации кои според се што видовме до сега имаа единствена цел влегување во Влада без легитимитет од граѓаните. Целта е на крај на процесот СДСМ да признае дека избирачкиот список е прочистен и да даде гаранција дека се створени услови за одржување на избори. Тоа ќе се случи порано или подоцна. Просторот за манипулации е се потесен. Знаат и од таму дека резираните протести пропаѓаат и не го даваат ефектот и мора да се најде решение, велат од партијата за Пресс24.
Ново на Сител
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан
-
Бесент: Мислам дека Путин е воен злосторник, но со него треба да преговараме
-
Чешкиот претседател ги гледа истите елементи во денешниот свет што ја предизвикаа Втората светска војна
-
Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари
-
На барање на Турција блокиран профилот на уапсениот градоначалник на Истанбул на мрежата Икс
-
Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“