Прешова: Собранието да изгласа интерпелација за претседателката и заменикот во Судски совет
Пратениците треба веднаш да иницираат постапка за интерпелација особено и во најмала рака, против сегашната и поранешната претседателка на Судскиот совет и на сегашниот заменик претседател, напиша на својот фејсбук-профил Денис Прешова, доцентот по уставно право на УКИМ.
Притоа, вели Прешова, треба да се испитаат сите наводи за разни влијание врз Советот на кои во повеќе наврати упатуваат токму овие членови и да се оцени нивната досегашна работа.
„Вакво нешто е целосно во согласност со Уставот, Деловникот на Собранието и Законот за Судскиот совет имајќи предвид дека не само што овие членови се избрани, туку и според законот, тие својата оставка ја поднесуваат до Собранието. Интерпелацијата би требало да биде иницирана во најбрз можен рок особено поради тоа што е очигледно дека овие членови на Судскиот совет во континуитет не сакаат отворено и јавно да кажат за какви влијанија и притисоци станува збор, а најмалку тоа и го должат на јавноста, но и фелата, смета Прешова.
Ново на Сител
-
„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
-
Лишен од слобода возач во Демир Хисар со 1.58 промили алкохол во крвта
-
Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
-
Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово
-
Латинопули: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како тие во Скопје!“
-
Словенечката пратеничка Ирена Јовева во ЕП до бугарските колеги: За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!
-
Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија
-
При претрес во Радовиш пронајдена дрога