Македонија
2. September 2022 - 19:35

Прераспределени случаите на Русковска - Стефанова ќе ја истражува Финансиската полиција

Четири дена по превземањето на обвинителството за организиран криминал, обвинителот Пеливанов ги прераспредели предметите на својата претходничка Рускоска.

Од обвинителството информираат дека предистрагата за директорот на финансиската полиција Муареми, поради која Рускоска заработи суспензија, ќе ја води обвинителката Лиле Стефанова.

Обвинителката Катерина Коларевиќ која го гони и екс генералниот секретар Мухамед Зеќири, ја превзема и предистрагата за станицата за технички преглед Виа Комерц која е повзама со автобуската несреќа во Бугарија.

Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено. Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во нивното соопштение.

Ова се засега единствените измени кои ги воведува Пеливанов, додека Обвинителките Трајчева и Јосифовска кои по претресот во Финансиската полиција заработија дисциплински постапки, и натаму редовно постапуваат со своите предмети.

Рускоска беше суспендирана на средината на август по предлог на републичкиот обвинител Јовески поради професионална грешка при претресот во финансиската полиција. Муареми поднесе и кривична пријава против Рускоска, а 10 дена подоцна се повлече од директоската функција во Финансиската полиција.